Вести

Во Куманово за еден ден казнети 172 возачи

Во Куманово за еден ден казнети 172 возачи

Во сообраќајна контрола што вчера МВР ја спроведе во Куманово казнети се 172 возачи.

– Изречени се вкупно 172 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 28 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 26 мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска, соопштува МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Radio Bum

October 1st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *