Вести

За не носење маска во Куманово од мај до октомври казнети 6 585 лица

За не носење маска во Куманово од мај до октомври казнети 6 585 лица

На територија на општина Куманово , казни за не носење заштитни маски добиле 6 585 лица од средина на мај заклучно до 18 октомври, информираат од МВР за радио Бум.
,,Има засилени контроли, а граѓаните доколку се движат во група мора задолжително да носат маски,- велат од МВР.

На прашањето кога полицијата може да постапува и да ги казни лицата кои не носат заштитни маски од МВР велат дека , полицијата кон евентуалните прекршители што не носат маска и на отворен простор, согласно Уредбата , тоа се применува само на лица кои на отворено не ја одржуваат задолжителната физичка дистанца од два метри и притоа не носат заштитна маска.

,,Бројот на изречени прекршоци на неносење заштитна опрема (маска), во рамки на подрачјето на надлежост на СВР Куманово тој број од почетокот на примената на оваа мерка регулирана со Уредба на Владата на Република Северна Македонија (Сл. Весник бр 107/20; 118/20 и 125/20) од 22.04. 2020 годинава , а која што во репресивниот дел стапи на сила на средина на месец мај, заклучно со ден 18 октомври изнесува 6.585 прекршоци против исто толку сторители.
По однос пак на делот од прашањето околу постапувањето на полицијата кон евентуалните прекршители што не носат маска и на отворен простор, согласно Уредбата тоа се применува само на лица кои на отворено не ја одржуваат задолжителната физичка дистанца од два метри и притоа не носат заштитна маска”-информираат од МВР.

Radio Bum

October 20th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *