Вести

Кавга на седница во советот на Општина Куманово

Кавга на седница во советот на Општина Куманово

Кавги, препукувања и одземање на збор на шестата седница на советот на Општина Куманово. Само за утврдување на дневен ред и усвојување на записниците од претходните седници беше потрошен еден час од седницата . Ситуацијата кулминираше на осмата точка од дневен ред кога Атина Мургашанска, претседателката на советот му го одзема зборот на Петрушевски кој доминираше на седницата со реплики и контрареплики.

Еден час и 40 минути траеше расправата за локален економски развој на општината за 2018 година и од дебата што треба и како треба да има во програмата, Петрушевски и Мургашанска преминаа  на лични и партиски препукувања.

Перушевски се обидуваше на претседателката да и укаже колку пати има право на збор и колку пати може да се пријави за дискусија, реплика и контрареплика.

Мургашанска му кажа дека никој не го ограничува во земање на збор, но дека тој го злоупотребува зборот.

Петрушевски влезе во расправа и со градоначалникот Максим Димитриевски, кој пак обвинуваше дека локалниот економски развој го уништила претходната власт, напоменуваше дека одредени претставници на претходната владејачка гарнитура треба да одговараат кривично.

Претседателката Мургашанска напомена дека советникот треба да се држи до точката, а не да реплицира постојано и неговите реплики да траат повеќе од тоа што деловникот за работа го предвидува. Тука Петрушевски го читаше деловникот и се докажуваше, се споменуваа лични емоции и чувства, одземања зборови, убедувања и докажувања, се освен тоа што навистина требаше да се дискутира за стратегијата за локален економски развој на градот.

Ситуацијата се обиде да ја смири советничката Емилија Трајковска од ВМРО ДПМНЕ , која кажа дека треба да се направи план за локален економски развој, а не да се служат со политика,  по што се премина кон гласање на програмата која беше усвоена со мнозинство од гласовите.

 

 

radiobum

February 27th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *