Вести

Градоначалникот бара 14- дневен карантин и прогласување на кризна состојба во Куманово

Градоначалникот бара 14- дневен карантин и прогласување на кризна состојба во Куманово

Четиринаесет дневен карантин за Куманово денеска од Владата побара градоначалникот Максим Димитриевски со Општинскиот штаб за заштита и спасување, откако бројот на заразени во градот достигна 224, а 12 лица се починати.

Карантинот би значел контролиран влез и излез од градот, кризна состојба по примерот на Дебар.

– Првата мерка која ја предлагаме до Владата е 14-дневен контролиран карантин во Општина Куманово и воведување кризна состојба на територијата на општината, затворање на влезови и излези од градот, а посебните случаи на олеснувања да има само на лица кои треба да вршат работни задачи и со посебна дозвола да го напуштаат и да се враќаат во градот по посебни услови со претходна дезинфекција на возилата и лицата кои влегуваат и излегуваат од градот, изјави Димитриевски.

Тоа практично би значело затворање на влезот и излезот на градот и дезинфекција за сите возила и лица коишто влегуваат и излегуваат од градот.

– Кризната состојба ја бараме за да се засили присуството на државните институции и органи, директно да се вклучат на територија на Општина Куманово во борба против вирусот по примерот на Дебар. Сметаме дека ова е добар пример којшто може да се примени и во Куманово со цел ова болест да биде искоренета на територија на нашата општина, а воедно да не претставуваме закана и за останати општини во регионот со ширење на вирусот , вели Димитриевски, кој е командант на Општинскиот кризен штаб.

Тој додава дека олеснување ќе има само на лица кои извршуваат професионални задачи и со посебна дозвола ќе излегуваат ќе се враќаат во градот.

– Со посебни дозволи непречено ќе се одвива и одењето на работа на сите коишто се ангажирани во стопанството. Истовремено ќе се вклучат поголем број на компании коишто ќе бидат сервис на граѓаните додека трае карантинот. Апелираме до Владата овој предлог да биде разгледан што поскоро и да излезе со конкретен предлог и препораки за граѓаните, но и акти коишто ќе се извршуваат, – рече Димитриевски.

Во Куманово денеска се потврдени 25 новозаболени и двајца починати од коронавирус. Со тоа вкупната бројка во Куманово изнесува 236 заразени и 12 починати.

Igor Andonovik

April 14th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *