Вести

За еден месец ќе стартува кампањата за локалните избори, кандидатите од СДСМ во Куманово  ќе ги чекаат резултатите од  анкетите

За еден месец ќе стартува кампањата за локалните избори, кандидатите од СДСМ во Куманово ќе ги чекаат резултатите од анкетите

Точно за еден месец  ќе започне  трката за локалната власт. Ќе се избира градоначалник и нов состав на советот во општините во Македонија .

Партиите преку анкетите ќе го бираат најсоодветниот кандидат но како ќе се прават анкетите и кој ке биде анкетиран ,  не откриваат.

Во СДСМ , официјално  од поднесените кандидатури за кандидат за градоначалник на општина Куманово биле прифатени шест.

Александар Арсиќ,  претседател на совет на општина Куманово. Неговото име е меѓу фаворитите за еден од кандидатите за градоначалник со позитивни коментари од страна на граѓаните кои го прифаќаат како освежување и  квалитетен кадар во партијата. Во последниот состав на советот беше и координатор на советничката група на СДСМ . Тој е професор во средното државно училиште Киро Бурназ во Куманово, а во политиката и во СДСМ е долги години.

Арсиќ, вели дека е подготвен да го води Куманово и дека ќе застане зад сите проблеми и потреби на граѓаните со позитивен пристап.

Максим Димитриевски, од претседател на совет стана пратеник, тој сега ја бара подршката за неговата кандидатура. Вели дека граѓаните ќе кажат кој заслужува да ја води оваа трка за челното место на Куманово.

Секогаш бев со граѓаните и секогаш бев нивниот глас. Голем предизвик за мене ќе биде да го водам Куманово, вели Димитриевски.

Зоран Дамјановски, актуелен градоначалник на општина Куманово, вели дека три мандати ја води општината во услови во кои никој не би можел да издржи. Три мандати во опозиција но со капитални инвестициони објекти.

Тој вели дека со три нови проекти и политички созреан без ниту една афера зад себе сега е подготвен да застане повторно на градоначалничкото место. Сега кога и политичката клима е подобрена во Македонија ќе направиме повеќе проекти за граѓаните.

Љубиша Николиќ, професор во кумановската гимназија, тој беше и директор на гимназијата и пратеник во собранието. Вели дека ја има довербата на граѓаните и дека ќе го води Куманово и ќе се залага за граѓаните на прво место. Тој е и активист за еколошки чиста животна средина.

За Сашо Петрушевски актуелен директор на јавното претпријатие Чистота и зеленило од СДСМ велат дека е во рамноправна трка за кандидат за  прв човек на Куманово како  и Мартин Костовски, директор на Службен весник на република Македонија и претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово.

По реформите во партијата , од СДСМ велат дека анкетите ќе го дадат кандидатот , но и дека треба да се изработи позитивна кампања бидејќи на последните локални избори резултатите за избор на градоначалник на Куманово и покрај епитетот дека градот е бастион на СДСМ со  ВМРО ДПМНЕ резултатите беа близу .

 

 

admin

August 15th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *