Вести

Камион товарен со мигранти во обид да избега од полицијата пропаднал во шахта во Куманово

Камион товарен со мигранти во обид да избега од полицијата пропаднал во шахта во Куманово

Во обид да избега на полицијата камион натоварен со мигранти пропаднал во шахта на улица „ Железничка„ во Куманово.
Таму од општината се изведуваат градежни работи за поставување на армиран – бетонски пропуст и направена е измена на сообраќајниот режим во тој дел од градот и е воведена забрана за движење за возила и пешаци. Возачот на камионот бил запрен од полицијата но во обид да им избега пропаднал во шахтата.

Според официјалните информации на полицијата , на 16.09.2019 во 23.00 часот на автопатот Куманово–Табановце полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало. Набргу потоа, според пријавеното, на ул.„Железничка“, пред с.Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот. При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на расчистување на случајот.

admin

September 17th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *