Вести

Јовановиќ: Нема да одиме против Уставот за Законот за јазиците, со политички договор со опозицијата ќе најдеме решение

Јовановиќ: Нема да одиме против Уставот за Законот за јазиците, со политички договор со опозицијата ќе најдеме решение

Мора да разговараме со опозицијата и да најдеме решение за амандманите поднесени за закон за јазиците, вели  Мирослав Јовановиќ пратеник од Српската странка. 

“Нема да одиме против Уставот и Деловникот на Македонија, се боревме за правна држава и секој од нас мора тоа да го почитува. Ставот е јасен и нема да се отстапи од него”-, вели пратеникот Јовановиќ. ДУИ мора да се освести дека на сила ништо не можат да направат бидејќи Македонија има Устав и деловник кој сите треба да го почитуваме.

Тој за радио Бум вели дека решение може да се најде бидејќи од 36 000 поднесени амандмани на опозицијата , 33 000 се со иста содржина, а повеќе од амандманите се однесуваат на висина на казните.

“Од сите 36 000 поднесени амандмани може бројката да се намали на 100”-, вели Мирослав Јовановиќ пратеник од Српска странка во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието  Талал Џафери, им дал една недела на политичките партии да најдат решение, затоа што можностите што тој ги имал како претседател се исцрпени.

Џафери рече дека немало доволно гласови за да продолжи постапката бидејќи некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот.

Тој во изјавата за ТВ Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 36-те илјади амандмани кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе. Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка. Предупреди дека Собранието не смее да биде заложник за никого.

И покрај несогласувањата во врска со решението за 36 000 амандмани, според Џафери владејачкјата коалиција не е загрозена и ќе продолжат сите процеси кои парламентарното мнозинство ги има во Собранието, а од кои зависи и функционирањето и поддршката за самата Влада на премиерот Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера посочија било побарано да ги повлечат амандмани што тие одбиле и дека проблемот за непочнување на седницата настанал помеѓу ДУИ и СДСМ.

Пратениците од СДСМ, пак, посочија дека сакаат решение кое ќе биде Деловничко, односно да се отвори дебата за амандманите, а не онака како што предложиле од ДУИ.

 

 

admin

March 7th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *