Вести

Општина Куманово- Во сабота ќе се  врши терестичка адултицидна дезинсекција против комарци на територија на Општина Куманово

Општина Куманово- Во сабота ќе се врши терестичка адултицидна дезинсекција против комарци на територија на Општина Куманово

На ден 27.06.2020 (сабота), Д.П.Т.У. ПЛАНТ МЕДИКА дооел во соработка со Општина Куманово ќе ја реализира втората терестичка дезинсекција на подрачјето на Град Куманово за уништување на возрасните форми на комарци.

Дезинсекцијата ќе се изведува во раните утрински часови со почеток од 01.00 – на 27.06.2020, само под поволни временски услови. Ако случајно времето е врнежливо или е со силен ветер дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови.
По претходно изготвен план за динамиката на активностите, техничка спецификација, ќе бидат опфатени 200 ха површина на следниве локации – површини по течение на реките Кумановка, Којнарка и Липковка и градско подрачје.

За дезинсекцијата ќе се употреби средството KULFAK 50 EC во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба.
Општината навремено преку средствата за јавно информирање ја известува јавноста за времето и начинот на спроведувањето на дезинсекцијата и за мерките за заштита што треба да ги преземат граѓаните, со посебен акцент на пчеларите кои треба да се информираат за да ги заштитат нивните пчелни семејства.

Igor Andonovik

June 24th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *