Вести

Избран сувенирот на градот Куманово за 2019 година

Избран сувенирот на градот Куманово за 2019 година

Занаетчискиот дом претставен на црна подлога, а изработен од срма, ќе биде новиот сувенир на Општина Куманово што е изработен во рамките на конкурсот за сувенир на градот кој традиционално го распишува локалната самоуправа.

Станува збор за најавтентичната градба во Куманово лоцирана на самиот градски плоштад, а пред која авторката го додала и споменикот на жената борец од локалитетот Спомен Костурница.
Изработувач на сувенирот е Јелена Спасовски, чија што изработка и минатата година беше прогласена за најдобра. Денеска артистот Спасовски и градоначалникот Максим Димитриевски потпишаа договор со кој општинта ќе исплати награда од 30.000 денари, а за возврат ќе добие десет примероци од сувенирот кои ќе ги користи за промоција на градот.

Како што посочи градоначалникот Димитриевски, оваа година Куманово ќе прослави пет века постоење, а оваа дело ќе го заземе вистинското место во промоцијата на градот.

– Ова е со цел да се запази културното наследство на нашиот град. Овие мотиви се автентични од нашата општина, Занаетскиот дом, Спомен костурницата и многу други вакви објекти. Сметам дека изборот на Занаетскиот дом доаѓа во вистински момент бидејќи оваа година општина Куманово има намера да се посвети во делот на развојот на економијата во градот, занаетчиството и она што значи економската развојна зона Новине и Речица каде што планираме оваа година да имаме одредени финансиски вложувања во делот на инфраструктурни проекти, изјави Димитриевски.

Украсот, како што посочи дизајнерката Спасовска е изработен од срмен конец, во филиграм техника на плиш подлога во стаклено-дрвена рамка.

– Занаетчискиот дом и Спомен костурница според мене се најубавите и најрепрезентативните дела на градот Куманово и така добив идеја да ги спојам во едно како сувенир, а инспирацијата ми дојде и од знамето на нашиот град Куманово, изјави авторката Спасовски.

Конкурсот беше објавен во рамки на програмата за општа туристичка пропаганда. Ова е трета година како се реализира, а за потребите на конкурсот формирана беше комисија која го избра овој сувенир, со кој Куманово ќе се презентира во тековната година.

Igor Andonovik

January 23rd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *