Вести

Започна гласањето за предвремените парламентарни избори, навремено отворени избирачките места во Куманово

Започна гласањето за предвремените парламентарни избори, навремено отворени избирачките места во Куманово

Точно во 7 часот во општина Куманово се отворени сите избирачки места, информира претседателот на Општинската изборна комисија во Куманово, Драган Јовановски .
Во Куманово право на глас имаат 92.167 граѓани, на 167 избирачки места.

– Во гласачко место 1043 во ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово гласањето почна во 7 часот и очекуваме нормален ден, да одржуваме ред. Ќе се обидеме да го задржиме протоколот за доброто на сите. Сега засега немаме никакви забелешки, изјави Јасмина Зизовска, претседател на избирачко место 1043.

Дел од граѓаните веќе го остварија своето право на глас. Велат дека очекуваат подобри услови за живот по изборите, а за задолжителните маски и дезинфекција велат дека не им претставуваат проблем, бидејќи се за заштита на сите нас.

– Јас го остварив своето избирачко место. Имам 90 години и секогаш сум гласал. Од овие избори очекувам да биде подобро за сите, вели еден постар гласач кој утринава нешто по 7 часот го оствари гласачкото право.

– Гласавме па ќе видиме што ќе биде, кој ќе победи нека победи, само да биде мирно, без никакви турбуленции. Носиме маски задолжително, без нив нема гласање, вели друг гласач.

Igor Andonovik

July 15th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *