Вести

Инклузивно игралиште за учениците во  О.У. „Браќа Миладиновци“

Инклузивно игралиште за учениците во О.У. „Браќа Миладиновци“

Ново игралиште со опрема наменета за деца и лица со попреченост, денеска доби истурениот објект од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ каде настава следат 55 деца со попреченост. Игралиштето е опремено со реквизити за реакрација и за вежбање, а ќе го користат учениците. Поставувањето на урбаната опрема е дел од проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ од Фондацијата „Чекор по чекор“, кој во Куманово го спроведуваат две организации „Порака Наша“ и „Инклузива“.
Бранка Џајковска од проектот рече дека единствено во Куманово грантовите се доделени на две организации кои заеднички го реализираа проектот, во партнерство со општината.

-Општината даде поддршка од аспект на техничка документација заедно со училиштето „Браќа Миладиновци“. Посебно треба да обрнеме внимание во делот на воспитно-образованиот процес за сите наши ученици, особено и за оваа ктегорија ученици-рече градоначалникот, Максим Димитриевски.

Благица Димитровска од „Инклузива“ рече дека игралиштето е пример од процесот на инклузија во кој се вклучуваат, општините, институциите, училиштата, граѓанските организации.

-Овој проект е пример кој покажува како треба да се работи заедно за да придонесеме во инклузијата на локално ниво-рече Димитриевска. Непристапноста, додава ги оневозможува учениците со попреченост да учествуваат во рекреативни активности и посочи дека инклузијата е процес кој е законски, но и согласно конвенцијата за инклузија. Силвана Боризовски од „Порака Наша“ рече дека ова е одличен избор за поставување на опремата, бидејќи ќе ја користат и помладите и повозрасните лица со попреченост.
Игралиштето се наоѓа во училишниот двор во еден од најстарите училишни објекти во Куманово.

admin

October 25th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *