Вести

Општина Куманово ќе го обновува поранешниот Хотел Солун во рамки на прекуграничен проект

Општина Куманово ќе го обновува поранешниот Хотел Солун во рамки на прекуграничен проект

Секторот за евроинтеграции од Општина Куманово, изработи проект за обнова на поранешниот „Хотел Солун“, еден од најрепрезентативните објекти по кои градот е познат, соопштија денеска надлежните од општината. На општинската веб страна веќе е објавен и повик за конзервација на поранешниот хотел лоциран на улицата „Иво Лола Рибар“ во централното градско подрачје.

-Проектот е финансиран од страна на ЕУ, по Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, кој се имплементира во соработка со Општина Дупница. Вкупниот износ на проектот изнесува 481.699,61 евро, од кои 220.473,25 евра се за Општина Куманово, кој е чист грант- соопштија од секторот за евроинтеграции.

Овој објект ќе се конзервира, реставрира, санира и адаптира. Во приземјето се предвидува повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфо-центар, а во просториите на првиот кат се предвидуваат административни простории.
Проектот опфаќа конзервација, реставрација, санација и адаптација на поранешниот хотел „Солун“ во Куманово, опремување со мебел и опрема, конзервација на зградата на Стариот округ хол во Дупница и изградба на дополнителни простории, спроведување на студија за современи маркетинг практики за популаризација на стариот урбанистички начин на живот и наследство, изработка на маркетинг стратегија за промоција на стариот урбан начин на живот и наследство во прекуграничниот регион, организација на фестивал на стариот урбан начин на живот и наследство во Куманово, создавање виртуелен музеј на старото градско наследство во животниот стил во прекуграничниот регион во Дупница, организација на обука за развој на стариот урбан начин на живот и наследство и туризам во прекуграничниот регион во Куманово. Проектот и проектот и проектната докуменатција се изработени од страна на студио КУБИКА ДОО Куманово.

Бенефитот од реализацијата на овој проект велат од општината е повеќекратен и вклучува подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување наприродно и културно наследство.
Проектот почна да се спроведува во јули годинава и ќе трае до јули 2021 година.

admin

November 21st, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *