Вести

Нема загинати македонски државјани во невремето на Халкидики

Нема загинати македонски државјани во невремето на Халкидики

Шестмина туристи починаа и најмалку 30 лица се повредени во бурата што вчера беснееше на Халкидики. Меѓу загинатите се пар од Чешка, мајка и дете од Романија и татко и дете од Русија.Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Вчера во Грција беше прогласена вонредна состојба и над 100 спасители беа пратени на терен. Властите во Атина ја опишуваат бурата како непредвилив феномен, пренесе BBC.

На невремето му претходеа многу високи температури кои се искачуваа до 37 степени.
Фотографиите од Халкидики покажуваат откорнати дрва, превртени автомобили и оштетени згради.

Туристи раскажуваат дека биле на плажа кога ги затекнала бурата.

„Буквално дојде од никаде. Снема струја, беше хаос, луѓе почнаа да трчаат и да врискаат обидувајќи се да тргнат од плажата – вели британски турист.

Снабдувањето со електрична енергија во најпогодените места е прекинато, а во дел од ресортите нема ниту вода.

,,Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:

00302310277347

00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:

00302106749585

За дополнителни информации, МНР навремено ќе ја извести македонската јавност”, соопшти МНР.

admin

July 11th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *