Вести

Нема да се отвори границата со Србија денеска без ПЦР тест , се чекаат технички детали

Нема да се отвори границата со Србија денеска без ПЦР тест , се чекаат технички детали

Пролонгиран е датумот за отварање на границата со Република Србија без ПЦР тест.

Иако владата најави дека денеска на 2 ноември ќе може да се патува во Србија без тест се чекаат средување на технички формалности, информираат од владата и велат дека до крајот на неделата ќе може да се патува без тест во Србија.

Лидерите на Македонија, Србија и Албанија , претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев минатата недела одржаа состанок преку интернет конференциска врска за обновување на иницијативата за регионална соработка започната минатата година.

Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година).

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 2nd, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *