Вести

Димитриевски: Сите сме за чист воздух  без политика

Димитриевски: Сите сме за чист воздух без политика

,, Чист воздух без политика е нашата определба, а дел од предложените мерки на денешниот протест се веќе реализирани” – вели градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во писмената реакција по одржаниот протест на плоштадот во Куманово.
,,Ја разбирам загрижеността на граѓаните поради загадувањето на воздухот во нашата општина. Тоа е генерален проблем, на кој интензивно како општина работиме.
Дел од мерките што ги споменува граѓанската иницијатива „Мекедонија се гуши” се веќе реализирани, но секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојдена. Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да e , сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина, и секој од нас треба да се запраша колку допринесува за тоа, колку е разбудена свестта кај нас за чиста животна средина”- стои во реакцијата на градоначалникот Димитриевски.

admin

December 15th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *