Вести

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски изрази сочувство и понуди помош и подршка по тешката автобуска несреќа

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски изрази сочувство и понуди помош и подршка по тешката автобуска несреќа

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, изрази длабоко жалење за автобуската несреќа кај селото Ласкаица, тој упати сочувство до семејствата на загинатите патници и понуди помош во како што е наведено во писмото во овие најтешки моменти. На повредените им посака брзо опоравување.

„ Во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Куманово, примете длабоко сочувство за загубата на Вашите сограѓани во трагичната сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје -Тетово.
Како Градоначалник и како општина, Ви стоиме на располагање за поддршка и помош во моментите кога ви е најпотребно. Ве молам, пренесете искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на сите повредени им посакувам побрзо закрепнување.
Во оваа тешка ситуација нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, но со нашите мисли Ви посакуваме да најдете олеснување и надеж за да продолжите понатаму- е наведено во писмото од кабинетот на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

admin

February 14th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *