Вести

Госпоѓа министерка со актерската екипа од  средно училиште  Перо Наков повторно на репертоарот на театар Куманово

Госпоѓа министерка со актерската екипа од средно училиште Перо Наков повторно на репертоарот на театар Куманово

Учениците од средното училиште “Перо Наков” од Куманово, утре вечер по трет пат ќе ја играат претставата” Госпоѓа Министерка” во кумановскиот театар.

За премиерата и првата реприза на премиерата се бараше карта повеќе. До последно место исполнета театарската сала со плублика , овации , аплаузи и секако смеа за претставата во која се зборува на кумановски дијалект. 16 ученика , несебично се ангажирале да ја одиграат најдобро претставата која сама по себе” Госпоѓа министерка “ на Бранимир Нушиќ има своја традиција.

“За нашата публика одлучивме да ја играме на кумановски дијалект бидејќи мислиме дека ќе бидне поблиска до публиката, а беше и голем предизвик”- , вели Стефан Павличек. Мартин Павловски вели дека му било задоволство да глуми во претставата , тој го има ликот на синот на Госпоѓа министерка.

Главниот лик на Госпоѓа министерка е на Марија Коцевска, таа вели дека и било голем предизвик да ја игра главната улога. “Сакам да продолжам на драмска уметност , а оваа ми беше тест кој успешно го положив” , вели Коцевска.

ministerka 11

Во претставата играат и Дејвид Стоилковски , Милена Стојановска, Димитар Петрушевски, Гоце Хаџиски, Јована Спасовска, Николај Павловски, Ивана Мадиќ, Катерина Стојмановска, Сара Спасовска , Столе Јаневски , Кристина Петрушевска , Никола Гутевски и Михајло Николовски .

ministerka 10

Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски, ментори и режисери на претставата инаку професори во Перо Наков, се презадоволни од играта и изведбата на актерската екипа.

Со вакви деца е задоволство да се работи и на сите мои колеги им посакувам да си имаат вакви ученици. Три месеци ја работевме претставата , учениците немаа слободна сабота и никогаш не се пожалија дека им е тешко. Вакви деца и вакви ученици секој би посакал, вели Александра Георгиевска . Сашо Тодоровски , вели дека со претставата ја имаат освоено и првата награда за драмска театарска претстава на Образовно Рандеву .

Од 22 средни училишта на ниво на државата средното училиште Перо Наков го освои првото место. Критериумите за оценување беа многу високи , а нашите ученици ги освоија највисоките оценки- вели Сашо Тодоровски. Менторите се заблагодарија и на Фото Кино клуб Козјак за техничката подршка и на актерката Кети Дончевска Илиќ. Претставата ќе се игра во петок во 20 часот во Театар Куманово.

Igor Andonovik

May 5th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *