Вести

До 10 часот во Куманово гласале 6,15 проценти од гласачите

До 10 часот во Куманово гласале 6,15 проценти од гласачите

Според податоците на Државната изборна комисија, до 10 часот, излезноста во Куманово е 6, 16 проценти или 5 577 гласачи, во Липково, 2,92 или 741 гласач, а во Старо Нагоричане, 5,08 проценти или вкупно гласале 169 гласачи.
Гласањето во овие три општини, информираа од општинските изборни комисии се одвива тековно.
Во Куманово денеска можат да гласаат 92 839 на 167 избирачки места, информираше потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.
Во Липково, право на глас имаат 25.401 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места, соопшти претседателот на ОИК, Лирим Јашари.
Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.333 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.

admin

May 5th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *