Вести

Успешна обукaта за нови седум фризери во фризерско студиото „Нате“

Успешна обукaта за нови седум фризери во фризерско студиото „Нате“

Успешно заврши првата обука за фризери во фризерско студио „Нате“ во Куманово. Обуката за фризери се спроведуваше преку програмата „За побарувани занимања“, поддржана преку Агенцијата за вработување и фризерското студио и академија „Нате“ која е овластен провајдер и има верификувана програма преку Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука, за спроведување на вакви обуки.

„Обуката се спроведуваше три месеци, во периодот од 10 декември до 9 март, а ја завршија седум лица . Во првите два месеци беше теоретскиот дел од обуката, а последниот месец, беше практичниот дел за занимањето фризер. Ние како Центар за вработување цело време го мониториравме процесот, присуствувавме и на самото полагање и при доделување на сертификати. Испочитувани се сите обврски од договорот на провајдерите и невработените лица. Ние како Центар сме задоволни од начинот и успешното спроведување на обуката“, изјави Марија Димитриевска, директорката на Центар за вработување во Куманово.

Сопственичката Наташа Додевска, вели дека е прездоволна како поминала обуката и вели одлично се снашла во новата улога, иако ова е прво искуство за неа.Таа вели дека оваа диплома ќе им отвори многу врати на младите фризери, а ќе можат да започнат и сопствено фризерско студио.

Обуката се спроведе преку оперативниот план за 2020 година, дел од ИПА проектот. И оваа година ќе има иста обука за побарувани занимања, на која што можат да се пријават невработените лица.

Мерките од оперативниот план имаат за цел да креираат и создават нови работни емста или да го подигнат степенот на конкуренстноста на невработените лица на пазарот на труд. За време на обуката невработените лица добиваа бруто паричен надомест од 9000 денари.

Radio Bum

March 25th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *