Вести

Новото законско решение, ќе биде главна алатка во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството

Новото законско решение, ќе биде главна алатка во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството

„Предлог-Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство влезе во собраниска процедура со европско знаменце, а очекуваме поддршка од сите пратеници“, вели Соња Тодоровска коорданторка на Форум на жени на ОО СДСМ Куманово.

– Новото законско решение, ќе биде главна алатка во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството. Предлог- Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјното насилство предвидува институциите да постапуваат со должно внимание и да ги заштитат жртвите, како и да придонесат за нивна реинтеграција во системот. Да поставиме позитивни примери на однесување кон жената за следните генераци, да делуваме на начинот на кој младите размислуваат за родот, еднаквоста и почитувањето на човековите права. Да кажеме НЕ на стереотипите во училиштата, медиумите, на улица. Нема оправдување за било какво насилство врз жените и девојчињата. Нулта толеранција за сите видови насилство, рече Тодоровска.

Како што истакна Тодоровска, за политиките на оваа Влада предводена од СДСМ, насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство покажуваат и фактите дека се отворени шелтер центри за згрижување на жртви од семејно насилство; Ратификувана е Истанбулската конвенција; Изработен е Акциски план за спроведување на обврските од Истанбулската конвенција и Изготвен предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како едно од најсилните оружја во борбата против насилство врз жените.

Radio Bum

November 27th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *