Вести

Фонтаната во центарот на Куманово, ќе се реконструира во модерно катче

Фонтаната во центарот на Куманово, ќе се реконструира во модерно катче

Фонтаната во центарот на Куманово ќе се реконструира, фирмата Тадиар од Куманово , која ја доби тендерската постапка има обврска до 10 август да ја пушти во употреба новата фонтана со вода за пиење.
Денеска се започнати подготовките за реконструкција , а според информациите на Момчило Јовановски, помошник раководител на сектор за комунални работи , инфраструктура и сообраќај фонтаната ќе добие нов лик со ново партерно уредување.

Според договорот предвидено е нова фонтана , клупи, скали, јарбол и комплетно партерно уредување.
Вредноста на инвестицијата е 716 780 денари , средства кои се предвидени во буџетот од мината година, а доколку се обезбедат средства ќе се реконструираат и другите фонтани во општина Куманово , информира Јовановски.

admin

July 15th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *