Вести

Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија со презентацијата на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија

Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија со презентацијата на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија

Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово со претставници од Централна кооперативна банка, Македонска банка за поддршка на развојот, Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија пред бизнисмените, претставниците на мали и средни претпријатија од Североисточниот регион одржаа информативна средба во Куманово на која на бизнис сектор им беа претставени можностите за финансирање на нивните бизниси.

Презентацијата ја организираше Фондација за развој на мали и средни претпријатија во рамки на проектот “Иновативен центар: Компаративна предност за поголема конкурентност”, кој овозможува соработка на приватниот сектор со јавните и образовните институции, кои ќе помогнат при спроведувањето на мерките за зголемување на иновативноста и конкурентноста во целните регони и пошироко. Претставници на надлежните фондации, агенции, фондови, локалната власт и банките, зборуваа како на најлесен начин да се искористи нивната стручна и матерјалната помош во зајакнување и развој на малите и средни претпријатија.

Директорот на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово, Димитар Ташевски, се осврна на активностите на иновативниот on-line портал во рамки на проектот и го потенцира значењето на овој информативен настан за фирмите од Североисточниот регион.

„Иновативниот центар е онлајн заедница за малите и средни претпријатија која прерасна во глобален колаборативен систем, кој е корисен и користен пред се за компаниите, преку размена на онлајн информации и знаења, вклучително и споделување на најдобрите практики. Во Иновативниот центар членуваат субјекти кои се заинтересирани за иновации, компании кои работат иновативно и конкурентно на пазарот“, – изјави Ташевски.

Претставникот од Локален економски развој при Општина Куманово, Ахмет Јашаревски, се задржа на значањето на иновативноста и конкурентоста за фирмите од регионот, развој на нови проекти и воедно ја потенцираше соработката и поддршката, која локалниот економски развој и Општина Куманово ја даваат за имплементација на вакви ЕУ проекти.

Од Фондот за иновации и технолошки развој го презентираа новиот повик за кофинанисирање на грантови за комерцијализација на иновации, при што детално беа претставени можностите, условите и начинот на аплицирање на овој повик.

admin

May 1st, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *