Вести

Полицијата фати крадец на лице место во обид да украде пари од банкомат

Полицијата фати крадец на лице место во обид да украде пари од банкомат

Полицијата разбила организирана група на крадци на пари од банкомати, крадецот од Косово фатен на лице место на банкомат во трговски центар во Куманово.
Според информациите на полицијата полициски службеници од СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за насилен криминал на 02.02.2021 околу 04 часот во трговски центар во Куманово го привле А.М. (40) од Косово, при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар.
По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово. Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.

Radio Bum

February 3rd, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *