Вести

Подземна скривница попуштила и се отворила дупка  со длабочина од 6 метри  до семејна куќа  во Багрем бања

Подземна скривница попуштила и се отворила дупка со длабочина од 6 метри до семејна куќа во Багрем бања

Дупка со длабочина од шест метри се отворила на улицата „Ѓуро Пуцар“ во Куманово во месноста викана Багрем бања, во дворор на семејната куќа на Селвер Азировиќ..
Сопственикот вели дека неговата сопруга ја видела дупката додека чистела во дворот, исплашени за нивната безбедност ги повикале соседите кои случајот го пријавиле во полицијата.
Не знаеме што е но се плашиме да спиеме дома , велат Азировиќи. Тие со децата не спијат дома. Претпоставуваат дека е подземен бункер , но велат дека не знаат за што се работи.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека две куќи се наоѓаат во опасност од отворената дупка.
– Од страна на надлежните лица на Општинскиот штаб заедно со Раководителот на РЦУК Куманово е излезено на самото место на настанот и е констатирано дека се работи за подземни скривници најверојатно од бивша ЈНА со два непознати крака кои водат кон железничката пруга во населба Перо Чичо. На самото место направени се мерења и сликање на отворот и е констатирано ЈП „Водовод“ да постави бариери – прегради со забрана на движење во тој потег бидејки земјиштето има интенции за поголеми одронување во пречник од околу 4 до 5 метри, информираат од Општина Куманово.
Во понеделник ќе се одржи и вонредна седница на Општинскиот кризен штаб на која ќе се преземат конкретни мерки за понатамошната активност за спречување и отстранување на опасноста.

admin

March 23rd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *