Вести

Учениците од драмската група од Перо Наков , вечерва  во Театар Куманово со премиера на  комедија „ДР” од Нушиќ

Учениците од драмската група од Перо Наков , вечерва во Театар Куманово со премиера на комедија „ДР” од Нушиќ

Вечерва,  во 20.00 часот во Театар Куманово драмската група од СОУ “Перо Наков” ќе ја изведе комедијата ,,ДР,, од Бранислав Нушиќ. Комедија која ги содржи вонвременските атрибути на комичност и дејство со кое од почеток до крајот на претставата ќе се смеете.

Во претставата играат учениците:  Николај Павловски, Стефан Павличек, Мартин Павловски, Димитар Петрушевски, Викторија Ивановска, Катерина Стојмановска, Милена Стојановска, Кристина Петрушевска, Гоце Хаџиски, Теодора Стојковска, Јована Димитриевска, Сара Спасовска Ивона Лазаревска и Игор Стојчиќ .

Актерската екипа,  професионално ја подготви претставата, а се игра со многу љубов и позитивна енергија , велат менторите, професорите  Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски.

Репризата на „ ДР”  е во четврток.

admin

May 10th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *