Вести

Трајно одземање на возачките дозволи на пијаните возачи во Македонија

Трајно одземање на возачките дозволи на пијаните возачи во Македонија

Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата ,РСБСП.
Статистиката покажала дека во 2018-та година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 лица.

Од РСБСП информираат дека околу 6.000 во сообраќајки се повредени секоја година.

-Оние пет проценти кои често возат пијани заслужуваат секаква осуда. За нив дефинитивно само големи казни, одземање на возачката дозвола и исклучување од сообраќајот, не привремено како што налага Законот (максимум 12 месеци), туку и трајно (со измена на законската регулатива).

Нив слободно можеме да ги наречеме: несовесни, неодговорни, недостојни, непримерни возачи, па и личности. Тие претставуваат голема опасност за безбедноста во сообраќајот и за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. За ова, сите се сложуваме, нагласуваат од РСБСП.

Според нив, опасни возачи се и оние 80 проценти кои барем еднаш возеле пијани и дека и тие се несвесни подеднакво како оние кои чето управуваат возило под дејство на алкохол.

admin

February 13th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *