Вести

Куманово ќе добие „Парк на пријателите“, дообјаснува Димитриевски

Куманово ќе добие „Парк на пријателите“, дообјаснува Димитриевски

По вчерашната Седница на Советот на Општина Куманово во врска со мојата изјава за  поставување на спомен облежје на американска фирма КБР пред комплексот базени сакам да дообјаснам:

„Идејата на општина Куманово и на мене како Градоначалник е пред комплекосот Отворен и Затворен базен да направиме парк кои ќе го наречеме „Парк на пријатели на Куманово„.Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во поркот ќе има фонтана, а покрај неа спомен постамент на која ќе се постават спомен плочи за благодарност на сите правни и физички лица кои направиле значајни работи за граѓаните, во која било сфера од животот на нашата општина. Општина Куманово заедно со Советот ќе направи листа на пријатели, за кои ќе бидат изготвени и соодветни одлуки и благодарници. Граѓаните на Куманово треба да имаат пријатели, но уште поважно е тие пријателства да не негуваат и продлабочуваат„- е наведено во соопштението од кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски.

admin

April 5th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *