Вести

Стари иструлени дрвени бандери, голи жици и слаб напон голем проблем на жителите во Долно Којнаре во Куманово

Стари иструлени дрвени бандери, голи жици и слаб напон голем проблем на жителите во Долно Којнаре во Куманово

Месното население во Долно Којнаре на улицата број два се жалат на неажурноста на ЕВН Македонија и велат дека покрај слабиот напон,  старите иструлени бандери со голи жици се директна опасност за населението.

strujaaaa

“Струјата е многу слаба, ако вклучиме два апарати не може да работат, фрижидерот не може да се вклучи, а за десет години сменивме два замрзнувачи ни изгореа моторите, а штетата никој не ни ја признава, велат струја имате , но каква имаме?!-  реагира Душко Ѓорѓиевски.

Тој вели дека се мали потрошувачи нивната сметка е 1 800 денари и ја плаќат редовно но напон нема.

struja 2

-Кога има ветер прскаат жиците и искри летаат на сите страни, пријавивме неколку пати но никој ништо не реагира-, вели Ѓорѓиевски.

„Струјата е многу слаба , бандерите се дрвени и паѓаат , јас кога сум роден во 1947 година тогаш се поставени и ништо не е сменето . Еве бандерата паднала пријавивме во ЕВН , од Куманово тие јавуваат во Скопје  од таму велат Куманово ќе ја направи но шефот не дава, па јавно прашуваме каков е тој шеф и зошто не дава да се направи, јас имам две куќи а струјата е слаба, вели Видан Јакимовски.

struja 1

На еден ветер остануваме без струја, ќе се јавиме ќе дојдат ќе ги расплеткаат жиците кои се лабави и на секое невреме ние немаме струја, реагира Јакимовски.

Претседателот на месната заедница во Долно Којнаре, Зоран Петрушевски реагира и вели дека  ќе бараат помош од другите институции бидејќи ЕВН не сака да реагира.

struja 5

“За оваа бандера пред три месеци поднесовме барање за замена и да го отстранат тоа дрво што е опасност за сите луѓе кои поминуваат тука. Од ЕВН дојдоа ставија мал бетонски столб на бандерата и со сајли ја вржаа за сув багрем, а тој секој момент може да падне”-, вели Петрушевски.

Тој вели дека поднеле барања до ЕВН со сите документи но од нивна страна немаат разбирање и сега ќе одат институционално да го решаваат проблемот за да спречат поголема трагедија.

struja 3

Пред три месеци ние поднесовме барање , а дојдоа пред два дена. Дојде преставник од ЕВН рече дека ќе постават бетонски столб но од тоа нема ништо, реагира  претседателот на месната заедница во Долно Којнаре Зоран Петрушевски.

Од ЕВН Македонија за радио Бум изјавија дека по пријава излегле на терен , поставиле бетонски столб и го вржале багремот и сега бандерата е 100 проценти сигурна, а по реакцијата на месното население повторно ќе излезат на терен да ја увидат ситуацијата.

 

admin

June 19th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *