Вести

Во среда и сабота ќе работи добиточниот пазар во Долно Којнаре

Во среда и сабота ќе работи добиточниот пазар во Долно Којнаре

На иницијатива на Јавното Претпријатие ,,Пазаришта” Куманово , во среда на 3 јуни ќе започне со работа добиточниот пазар каде досега пазарен ден за продажба на добиток беше само сабота.

Одлуката е усвоена од страна на советот на општина Куманово , а според изјавата на Илир Саити , директор на ЈП Пазаришта , за време на летен и зимски училишен распуст секоја среда и сабота ќе бидат денови за продажба на добиток.
Илири вели дека ќе се почитуваат сите протоколи од здравствените власти, сите животни коишто ќе влезат во пазарот мора да поседуваат валиден сертификат за здравствена состојба, возилото со коишто се врши превоз на животните исто така треба да поседува сертификат за извршена дезинфекција од страна на ветеринарна служба. Додека при транспортот не треба да доаѓаат во контакт со животни од непознат статус. Тоа е делот којшто се однесува на законските прописи, вели директорот на ЈП. Пазаришта Илир Саити.

Radio Bum

June 1st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *