Вести

Дива свиња се прошета во Куманово

Дива свиња се прошета во Куманово

Присуство на дива свиња во Куманово ги вознемири граѓаните на Куманово на повеќе локации. Дивото животно најпрвин било забележано на улицата Никола Тесла каде жителите во 3 часот и 50 минути пријавиле во полиција.

Екипите на полиција со ветеринарната служба и инспектор по храна и ветеринарство веднаш излегле на терен во потрага по животното.
Според информациите на очевидци кое го виделе животното од улицата Никола Тесла дошло на улица Братство и Единство каде ја турнало оградата и поминало во дворот на градинката по што било забележано кај старата црква и кај поранешното кино Козјак. Дивото животно било заловено во локалитет Серава во Куманово, по што било извршено и дезинфекција на местото како превенција од свињска чума.

Од информациите на надлежните, Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство издаде решение за нештетно отстранување (закопување во јама гробница), на труп од дива свиња, која утрово е еутаназирана во сточарскиот ветеринарен центар “Тодор Велков” во Куманово. Станува збор за единка, за чие присуство во градот Куманово, во раните утрински часови било алармирано од страна на граѓани, а во чие заловување биле вклучени официјални ветеринари, припадници на Министерството за внатрешни работи и од ветеринарната станица “Тодор Велков”.

При еутаназирањето на дивата свиња од страна на официјален ветеринар на Агенцијата, исполнети се барањата од законите за здравствена заштита и благосостојбата на животните. Земени се мостри за лабораториско испитување и детектирање на евентуално присуство на вирусот на класична и африканска свинска чума.

radiobum

September 16th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *