Вести

Димитриевски:Мојот приоритет се граѓаните во однос на останатите, а на министерот ќе му се извинам што задоцнив

Димитриевски:Мојот приоритет се граѓаните во однос на останатите, а на министерот ќе му се извинам што задоцнив

“Ќе му се извинам на министерот и ќе се обидам да го посетам и да покажам знак и гест  на министерот дека немало намера да го навредам”-, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски по обвинувањето на министерот без ресор, Аксел Ахмедоски кој денеска изјавил дека по претходно договорен состанок во општина Куманово со Димитриевски и по два часа чекање, градоначалникот не се сретнал со него.

„Министерот беше примен во општината на претходно закажан состанок и примен во мојот кабинет од страна на моите соработници но поради потреба на група граѓани бизнисмени кои инсистираа на итен состанок со мене го замолив министерот да има малку трпение и да го завршам состанокот”- изјави Димитриевски.

„Без разлика на нашите позиции кои што ги носиме мојот приоритет се граѓаните на општина Куманово и секогаш испраќам порака до сите носители на јавни и политички функции дека во период на мојот мандат како градоначалник на општина Куманово секогаш приоритет ќе имаат граѓаните во однос на останатите и уште еднаш да потенцирам искрено жалам за моето доцнење на состанокот бидејќи бев претходно спречен”- му порача Димитриевки на министерот без ресор Аксел Ахмедовски.

ПЦЕР обвини дека Димитриевски е неодговорен и дека не ја почитува министерската функција и дека Ахмедоски не дошол него да го види туку да сработи тоа што му било обврска за локалните акциски планови. ПЦЕР констатира дека Димитриевски не сака да им помогне на Ромите.

admin

February 15th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *