Вести

Максим Димитриевски кандидат за градоначалник на СДСМ

Максим Димитриевски кандидат за градоначалник на СДСМ

Максим Димитреивски и официјално утринава по два часот е избран за кандидат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за градоначалник на Општина Куманово.

Иако партијата се уште нема официјално соопштение, високи партиски извори ни ја потврдија информацијата. Велат дека Димитриевски победил на анкетите кои ги спровела партијата во изминатиот период и затоа и одлучиле преку него да ја бараат довербата од граѓаните.

Димитриевски е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, а поранешен претседател на Советот на Општина Куманово со долгогодишно искуство на политичката сцена во градот.

Негов против кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде хирургот Зоран Ѓорѓеивски за кого ова е втора кандидатура. СДСМ засега не бележи пораз на локалните избори во Куманово, но сигурно може да очекуваме интересна кампања од двајцата кандидати, која граѓаните треба да ги убеди да го дадат својот глас.

admin

September 11th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *