Вести

Димитриевски: Општина Куманово по 10 години е финансиски деблокирана, ќе побарам уште еден мандат да ги реализирам сите проекти

Димитриевски: Општина Куманово по 10 години е финансиски деблокирана, ќе побарам уште еден мандат да ги реализирам сите проекти

Општина Куманово е финансиски деблокирана , објави градоначалникот Максим Димитриевски. На сметката на општината има 17 милиони денари. Димитриевски денеска даде отчет за сработеното во изминатата година. Ново улично осветлување, комунална инфраструктура,кружен тек, патишта, училишта, паркинг простор, спортски игралишта, спортска сала, асфалтирање и тампонирање на улици и изградба на водоводна мрежа и фекална и атмосферска канализација како и позитивен биланс на јавните претпријатија се дел од реализираните проекти на општината.

Од 2012 година до март 2020 година, општината Куманово беше под целосна финансиска блокада, рече Димитриевски.

– Во таа постапка сакам да ја истакнам мојата благодарност до сите мои соработници особено до делот на соработниците кои што работат во одделението за финансиски работи, даночните служби и секако јавните набавки, бидејќи како резултат на нивното работење и подобрување на билансите на општината е дојдено до оваа состојба, рече Димитриевски.

Според него, по основ на судски извршни решенија и друг тип задолженија се исплатени 150 милиони денари, затечени обврски од 210 милиони денари, долгови на училиштата од околу 110 милиони, при што вкупно биле исплатени обврски во вредност од 470 милиони денари.

– Со тоа што со поголема транспарентност во делот на јавните набавки постигнавме високо ниво на заштеди во постапките со јавни набавки, а воедно и дополнително ги покачивме даночните приходи, особено данокот на промет со имот со што обезбедивме дополнителни средства и не можам, а да не споменам дека тука од сиклучително значење беше и еднократната финасиска помош во износ од 115 милиони денари која пристигна од Владата и централното ниво на власт, рече градоначалникот.

Во моментот Општина Куманово има тековни обврски од 28 милиони денари кои се должат на два проекти, кои се во изградба и кои ќе бидат платени од државата, додека заклучно денешен ден на сметката локалната самоуправа има 17 милиони денари.

Димитриевски ја нагласи и корона кризата која предизвика дополнителни трошоци за локалната самоуправа, но со логистика од општината и Советот се обезбедени потребните средства за заштита на граѓаните.

– Со одлука на советот беа обезбедени 4 милиони 117 илјади денари за набавка на трактор за дезинфекција, моторни прскалки, средства за дезинфекција, хуманитарни пакети кои се дистрибуираа на социјално најзагрозените граѓани, голем број на донации, некаде над 4.000 хуманитарни пакети до најзагрозените граѓани, заштитна опрема, маски, одела, визири, 240.000 денари средства за дезинфекција за почетокот на оваа учебна година кои беа поделени на основните и средни училишта каде се одвива настава со физичко присуство, рече тој.

Од ковид мерките, Димитриевски ги потенцираше намалената комунална такса за фирмите од 6.000 на 4.000 денари и дополнителното ослободување од плаќање такса за поставување урбана опрема и закуп на државно земјиште од страна на угостителите со цел да им се овозможи ублажување на загубите претрпени со нивното неработење во екот на епидемијата.

Оваа година, како што рече Димитриевски во својот отчет, е реализиран најкапителниот проект во градот,а тоа е проектот за јавно приватно партнерство за улично осветлување, при што се заменети над 10.000 улични светилки, а општината не потрошила никакви средства.

Во текот на изминатата година асфалтирана е површина од над 25.000 метри квадратни. Станува збор за улиците:

Улица „1-ва” во Долно Којнаре- 380м2

Крак од улица „11-ти Ноември“- 400 м2

Крак 1 и 2 од ул. „Никола Тесла“ – 300 м2

Дел од улица „Васко Карангелески“ – 960 м2

Пристапен пат со паркинг на излетнички центар Студена Вода – 3 478м2

Населба Средорек -2 246 м2

Улица „Трајко Прокопиев“ во нас. Перо Чичо – 1 515 м2

Улици со опфат помеѓу улица „Доне Божинов“ и булевар „Октомвриска Револуција“, крак 1,2,3,4 и 5 – 796, 84 м2

Улица бр.„150“ во населба Карпош (Рајкова куќа) – 1 871м2

Улица бр.„70“ во населба Карпош (Рајкова куќа) – 1 878 м2

Улица „Доне Божинов“ – 886 м2

Крак на ул. „Доне Божинов“ – 150 м2

Улица „Јоско Илиевски“, крак 1,2 и 3 и 4 – 2 328 м2

Асфалтирење на индустриска зона Новине во Речица- 2 210 м2

Улица „Михајло Пупин“ – 1 516 м2

Улица „10“ во Перо Чичо – 1 644 м2

Улица „441“ во Ајдучка Чешма – 632 м2

Улица „442“ во Ајдучка Чешма – 454 м2

Улица „305“ во Ајдучка Чешма – 716 м2

Улица „307“ во Ајдучка Чешма -1 242 м2

Улица „Благоја Д. Пецаклија“ – 1 422 м2

Бекатонирани се следните улици:

Ул. „Београдска“ крак 1 – 281м2

Ул. „Београдска крак“ 2 – 201 м2

Ул. „Франц Розман“ 565 м2

Ул. „Стојан Сликар“ крак 1 и 2 – 684,46 м2

крак од улица „Иво Лола Рибар“ – 127 м2

Излетнички центар Студена Вода – 862 м2

Улици во населба Средорек – крак 2,крак 3 и крак 4 – 1 132 м2

Крак од улица „Никола Тесла“ – 460м2

Улици со опфат помеѓу улица „Доне Божинов“ и булевар „Октомвриска Револуција“, крак 1,2,3,4 и 5 – 493 м2

Тампонирани се:

Тромеѓа- 11 400м2

Гладно Поље нас. Перо Чичо – 4 800м2

Локален патен правец во с.Брзак во должина од – 10 500 м2

Тампонирање на дел од улица во село Речица – 2 450 м2

Се врши санација на локален патен правец с.Сопот – с.Сушево – 10 400м2

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски побара поддршка од граѓаните и од матичната партија СДСМ да се кандидира за втор мандат на локалните избори, кои ќе се одржат наредната година.

„Доколку добијам поддршка за втор мандат, јавно кажувам дека ќе трчам и ќе се натпреварувам. Ќе барам поддршка и од мојата политичка партија и од сите моите сограѓани. Ќе продолжам на ваков начин да го менаџирам градот и ќе ги ставам јавните претпријатија во целосна функција, па заедно со тимот и со советниците да ги намалиме комуналните проблеми во градот, кои се децениски, па и вековни“, изјави Димитриевски.

Radio Bum

October 21st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *