Вести

Максим Димитриевски: Ја очекувам победата во првиот круг

Максим Димитриевски: Ја очекувам победата во првиот круг

Граѓаните имаат можност после подолг временски период на демократски начин да го искажат своето мислење, во однос на нивниот избор за следниот татко на градот и ќе решат на кого ќе му ја доделат довербата да го води и менаџира Куманово во следните четири години, вели Максим Димитриевски , кандидат за градоначалник на СДСМ.

Тој ја искористи можноста да посака  успех на сите кандидати во оваа политичка борба.

„ Јас сакам да побарам од сите наши граѓани да излезат масовно на избори и да го дадат своето мислење за оној кандидат за кој сметаат дека најдоследно ќе ги спроведе своите ветувања во предизвобирните програми со кои излеговме со граѓаните пред нашата општина. Ја користам оваа прилика да ги уверам граѓаните дека сето она за што се залагав и претходно и во предизборниот период, доколку ја добијам поддршката од граѓаните на мојата општина ќе гледам да го реализирам во целост заедно со сите граѓани во Куманово, притоа не правејќи разлика по партиска, верска или етничка припадност. Сметам дека ќе ја добијам поддршката да реализирам еден проект за едно ново, модерно и урбано Куманово, место на живеење на сите кумановци, сограѓани на еден граѓански концепт на управување„ – рече Димитриевски.

Тој очекува победа во првиот круг.

„Очекувам победа во првиот круг и поддршка целосна од електоратот, тоа го чувствувам, ќе се вложам максимално и целосно, за да го реализирам она што беше ветено до сега и ќе ја насочам целата моја енергија за да дадам нов лик на Куманово, бидејќи ние тоа го заслужуваме како граѓани и како држава, а првенствено како народ кој ја има задолжено Република Македонија многу„-, изјави Максим Димитриевски.

radiobum

October 15th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *