Вести

Од среда  , три дена ќе се врши есенска дератизација во Куманово

Од среда , три дена ќе се врши есенска дератизација во Куманово

Во среда на 11.09.2019, четврток 12.09.2019 и петок 13.09.2019 година , ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на Општина Куманово.
Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложено за наредниот ден.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, – информираат од Општина Куманово.

admin

September 6th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *