Вести

Дел од пензионерите во Куманово два месеци оставени без пензија

Дел од пензионерите во Куманово два месеци оставени без пензија

Пензионерите од Куманово кои имаат остварено право на странска и македонска пензија, два месеци останаа без своите примања.

Без никакво известување пензионерите минатиот месец не ја примиле својата пензија, а како што велат, откако се обратиле во подрчниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување во Куманово, им било посочено дека треба да достават потврда за живот која самите претходно ја доставиле до Фондот во Скопје.

Од таму им било посочено дека пензијата ќе ја добијат овој месец заедно со тековната, но сепак повторно останале со празни раце.

Досега пензионерите потврда за живот испраќале само во странство, а сега тоа им го бара и македонскиот фонд, но притоа не ги известил за таквата потреба.

Во телефонски разговор за Радио Бум, Деисимир Тодоровиќ, раководител на одделението во Куманово вели дека двете пензии кои не ги примиле пенизонерите најверојатно ќе ги добијат идната недела со вонредна исплата, а за пропустот вината ја насочува кон Фондот за исплата.

Доколку има пензионери кои примаат двојна пензија, а не поднеле ваков документ, Тодоровиќ апелира да ја посетат канцеларијата на подрачното одделение и да достават потврда за живот поради непречена исплата на средствата.

Igor Andonovik

December 4th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *