Вести

Дедо Љубе ослободен од обвинение за убиство, доби условна казна за оружјето

Дедо Љубе ослободен од обвинение за убиство, доби условна казна за оружјето

По шест години , колку што траеше судскиот процес против дедо Љубе, Основниот суд во Куманово денеска донесе ослободителна пресуда за Љубомир Митев (79) од Којково, кој за да ги заштити својот и животот на сопругата Царка пукаше во двајца натрапници во неговиот дом и уби еден од нив.

Шест години траеше неговата битка заедно со неговиот бранител, адвокатот Христијан Георгиевски да докажат дека не е виновен што на 27 феврури 2013 година во неговата трошна куќа провалиле Зоран Златков и Борчо Иванов, кои во намера да ги ограбат со часови се изживувале врз двајцата старци.

Пред почетокот на судењето во април 2015 година јавноста бараше дедо Љубе да се ослободи сметајќи дека тој во самоодбрана го убил Златков и го ранил Иванов, кој по разбојништвото беше осуден на осум години затвор. Старецот беше овинет за три кривични дела-убиство, обид за убиство и за недозволено држење на оружје, но одбраната на дедо Љубе укажа на одредени пропусти во обвинението и Судот предметот го врати во истражна постапка. Сепак, и по повторната постапка Митев беше обвинет за убиство во миг, обид за убиство и недозволено држење на оружје, па новиот судски процес почна во јануари 2018 година. Во јуни годинава ОЈО Куманово го повлече обвинението за кривичното дело убиство во миг.

Според пресудата на судот, дедо Љубе е ослободен од обвинението за убиство во миг, а доби условна затворска казна од две години, која ќе се активира ако дедо Љубе во наредните четири години изврши било како кривично дело.

“Ова е правна победа и правдата е задоволена. Ова може да биде школски пример во иднина во однос на делото нужна одбрана. Сега обвинителството е на потег, се надеваме дека нема да ја обжалат пресудата и дека дедо Љубе ќе може во мир и спокојство си ги поминува годините од староста.Како и да е, ние нема да ја обжалиме пресудата и како адвокатска канцеларија стоиме на располагање и понаму ако е потребно да се истера постапката и на повисоките судски инстанци. Најбитно е дека дедо Љубе е ослободен, изјави адвокат Христијан Георгиевски.

admin

November 12th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *