Вести

Дамјановски, одиме повторно до победа, нови проекти за подобар живот на граѓаните е мојот адут за кандидат за градоначалник

Дамјановски, одиме повторно до победа, нови проекти за подобар живот на граѓаните е мојот адут за кандидат за градоначалник

“Ги знам проблемите и потребите на граѓаните, а тие го препознаа и најдобриот кандидат, победата ќе ја имаме во првиот круг”-вели градоначалникот Зоран Дамјановски кој ја поднел кандидатурата за градоначалник на општина Куманово до централното партиско раководство.

Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Зоран Дамјановски од граѓаните на Куманово и од централното партиско раководство на СДСМ ја побара поддршката за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.
“Ја водев општината 12 години во најтешки можни услови. Дванаесет години бевме општина во опозиција и успеав да реализирам многу проекти кои се во интерес на граѓаните ” – рече Дамјановски. Тој додаде и дека неговата визија за градот е позитивна и граѓаните ја препознаваат и истакна дека со новата Влада, Куманово под негово водство ќе добие многу поголем бенефит.
Дамјановски најави многу поголем успех за Куманово првин во градење на политичкиот соживот, мултиетнички и мултикултурен развој, а пред се градба на инфраструктура и  градба на еколошка свест.
Тој ја најави и својата нова програма со која ќе ја оствари победата во првиот круг.

“Проектот за новиот градски плоштад кој ќе биде интегриран малиот и новиот, затворање на улицата, подземно паркирање, подземен премин, проектот е во фаза на изградба и тоа ќе биде мој главен адут за настапот на следните избори, изградба на нова проектна документација за подземен премин, гаражни места за 1.000 возила и нов градски плоштад, комплетна реконструкција на плоштадите и формирање на централно градско јадро онакво какво заслужува Куманово.”- рече Дамјановски .

Социјалдемократскиот сојуз освен Дамјановски, за кандидати за градоначалници ги има и  Максим Димитриевски, Љубиша Николиќ и Александар Арсиќ. Партијата веќе спроведува анкети за нивниот рејтинг кај граѓаните, а оној кој ќе покаже најдобри резултати во анкетата ќе биде кандидатот на СДСМ за претстојните избори.

admin

August 11th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *