Вести

Ќе се руши старата куќа во центарот на градот

Ќе се руши старата куќа во центарот на градот

Од земјотресот старат куќа во центарот на Куманово е оштететна и во секој момент може да се сруши.
За да ги заштитат граѓаните од општина Куманово започнаа постапката за отстранување на овој склонопаден објект. Куќата во која има и деловен објект е сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен објект. Денеска, екипите поставија ограда околу објектот за кој комисијата проценила дека е склонопаден и дека претставува опасност и може да ја загрози безбедноста при движењето на граѓаните, сообраќајот и соседните објекти.

Раководител на одделението за спроведување на урбанистичка документација Александар Гелевски, појаснува дека објектот е сопственост на државата со право на користење на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Во централното градско подрачје има над 20-тина склонопадни објекти, поголем процент сопственост на приватни лица. Вакви објекти појаснува Гелевски датираат од поодамнешен период, имаат конструктивен систем кој не ги издржува современите стандарди за сеизмичка стабилност, направени од керпич, дрво, камен.

-Законот ги регулира начинот на кој се острануваат овие објекти, откако комисијата констатира, се известува сопственикот на земјиштето дека треба да се отстрани, доколку сопственикто не преземе активности, тогаш се спроведува постапка од страна на општината по службена должност, се прави елаборат за отстарнување, по што се отстранува на сметка на сопственикот на недвижниот имот-изјави Гелевски.

admin

December 4th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *