Вести

Зоран Божиновски излегува од притвор

Зоран Божиновски излегува од притвор

Новинарот Зоран Божиновски излегува од притвор, за него како што објави Здружението на новинарите на Македонија на  нивниот Фејзбук профил,  Кривичниот суд во Скопје денес го ослободи од притвор, мерката притвор е заменета со друга мерка на претпазливост. Македонија излезе од срамната листа на земји каде има новинари во затвор, објавија од ЗНМ.

Новинарот Зоран Божиновски,  беше во притвор за случајот „Шпион“, по меѓународна потерница издадена на 19 ноември 2013 година. Тој беше уапсен во Нови Сад, Србија од српската полиција, по што им беше предаден на македонските власти.

Божиновски се товари дека ги сторил делата: злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

admin

July 14th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *