Вести

Божиновски го повика градоначалникот на Куманово утре да им се приклучи на протест  за одбрана на државата

Божиновски го повика градоначалникот на Куманово утре да им се приклучи на протест за одбрана на државата

Доколку е искрен во тоа што го кажува и пишува го повикувам градоначалникот Максим Димитриевски , утре да ни се приклучи на протестот против искривување на историските факти, вели Игор Божиновски организационен секретар на ВМРО ДПМНЕ.

,,Во миговите кога се решавала судбината на нашата мајка Македонија, нашите баби и дедовци не се двоумеле, не калкулирале, не се воделе од личен интерес туку биле смели, храбри и одважни. Одлучно излегле да ја бранат и ја одбраниле својата родна грутка, ако сме нивни потомци тогаш го носиме нивниот ген на непокор и да ја дадеме жртвата за својата татковина, – порача Игор Божиновски организационен секретар на ВМРО ДПМНЕ.
,, Сега е моментот да се сплотиме сите надпартиски и да кажеме гласно доста е за бесрамна и тезгаџиска политика на Заев. Македонци сме и не не личи да се понижуваме, македонци сме и не смееме да дозволиме пред очи да ни ја распродаваат Македонија, македонци сме и мораме достоинствено да си ја одбраниме.
Ве повикувам на 2 декември во 18 часот на паркингот пред спортската сала во Куманово на протест да си ја одбраниме државата, а го повикувам и градоначалникот Максим Димитриевски , доколку е искрен во тоа што го пишува и кажува да ни се приклучи на протестот против искривување на историските факти “- изјави Божиновски.

Radio Bum

December 1st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *