Вести

Бомба пронајдена во Населба Карпош во Куманово

Бомба пронајдена во Населба Карпош во Куманово

Жител на кумановската населба Карпош  до Регионалниот центар за управување со кризи пријавил дека пронашол неексплодирана бомба.

Како што додаваат од РЦУК, веднаш биле известени стручни екипи од СВР Куманово и ДИрекцијата за заштита и спасување Куманово.

Бомбата била преземена од пиротехничар од ДЗС и пренесена и сместана во магацини соодветни за таков тип на оружје.

Засега не е познато за каков вид на бомба се работи, но пред неколку дена минофрлачка мина 82мм била пронајдена и во Крива Паланка.

Како што посочуваат од Регионалниот центар за управување со кризи двете бомби се на безбедни локации се до нивно конечно уништување од страна на пирхотехничари.

 

admin

May 4th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *