Вести

Започна второто полугодие, матурантите ја бојкотираат наставата

Започна второто полугодие, матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите за денеска најавија дека ќе ја бојкотираат наставата. Состанокот на претставниците на сојузот на средношколци и министерката за образование и наука, Мила Царовска, вчера заврши неуспешно. Тие рекоа дека денеска нема да се вклучат на часовите сѐ додека не се прифати нивното барање за кратење на предметите за полагање.
Во првото полугодие матурантите во Куманово два дена ја бојкотираа наставата како предупредување за полагање на матура.

Средношколците бараат наместо четири, да полагаат два предмети за државната матура – едниот да биде мајчин јазик, а другиот по избор на ученикот согласно неговите планови за понатамошното образование. Претходно денеска, министерката Царовска изјави дека матурантите од оваа година ќе полагаат четири предмети.

За в година предвидена е промена на моделот на државната матура и веројатно ќе се полагаат по два предмети, како што сега бараат средношколците.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

January 21st, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *