Вести

Музиката на Боби Серафимовски од Куманово на филм во Холивуд

Музиката на Боби Серафимовски од Куманово на филм во Холивуд

Кумановскиот композитор и музичар, Боби Серафимовски, успешно чекори по светските музички патеки, негова композиција “Добра ноќ мои пријатели” ќе биде дел од филмот за Енди филмс за Холивудска продукцијата.
Композицијата на Боби Серафимовски која беше лиценцирана во позната музичка библиотека во Лос Анџелес, Калифорнија ќе биде музичка подлога на повеќе сцени во филмот.
Серафимовски успешно соработува и со други филмски продукциски куќи во Соединетите Американски држави. Тој работи на компонирање на музика за позната Американска филмска компанија Њу Јорк- Лос Анџелес и познатиот актер, режисер и сценариста Роберт Пархам, а на филмот ќе играат многу познати актери како Рон Ван Клиф кој на филмското платно доминираше заедно со Брус Ли.

Ангажманот на Боби Серафимовски, познат во САД како Боби Серафимо , во филмската продукција на Сноу Блек е благодарение на Јоланда Мак која има своја маркетинг компанија во Њу Јорк.

admin

July 11th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *