Вести

Кошаркарскиот клуб Куманово повторно ќе игра во БИБЛ лига

Кошаркарскиот клуб Куманово повторно ќе игра во БИБЛ лига

Кошаркарите на Куманово во Балканската лига сезонава ќе играат за златен медал. Велат дека се подготвени и мотивирани откако минатата  година го освоија сребрениот медал.

Информацијата веќе ја потврдија од Управата на клубот, од каде велат дека со претставниците на Балканската лига било договорено учеството на сино-белите и оваа сезона.

косарка 2

Со нови странски засилувања и добар избор на домашни играчи Куманово ќе се бори да го повтори или надмине минатогодишниот успех кога го освои високото второ место на Балканот.

Ростерот деновиве активно се подготвува за почетокот на новата сезона во домашниот шампионат кој се очекува некаде на средината на октомври, за кога е закажан и стартот на мечевите во 10-та сезона од БИБЛ лигата.

Во меѓувреме се очекува кумановските кошаркари во рамките на подготовките да одиграат и неколки пријателски натпревари со домашните клубови.

Текст и Фото : Никола Ивановски, Кумановски Муабети .

admin

September 3rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *