Вести

Од ноќеска горивата ќе поевтинат

Од ноќеска горивата ќе поевтинат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за половина денар на 65,5 односно на 57,5 денари за литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за еден денар на 67,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денар на 46 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 денари на 32,894 денари за килограм.

admin

February 10th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *