Вести

Се запали автомобил во движење на Октомвриска револуција во Куманово

Се запали автомобил во движење на Октомвриска револуција во Куманово

Утрово на Октомвриска револуција, автомобил во движење се запалил. Нема жртви и повредени лица, причинета е само материјална штета.
Според информациите на полицијата во 06.16 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило во движење „ауди кватро“ со тетовски регистарски ознаки на улицата Октомвриска Револуција Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 3rd, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *