Вести

Над 600 бегалци од Афганистан се заглавени во транзитниот центар Табановце

Над 600 бегалци од Афганистан се заглавени во транзитниот центар Табановце

Недела дена во транзитниот центар во Табановце се сместени над 600 бегалци од Афганистан, за кои е затворена српската граница и неможат да ја продолжат рутата кон западноевропските земји.

Горан Стојановски одговорен за транзитниот камп вели дека во моментот во кампот има 737 лица. Од нив поголемиот дел се авганистанци 612 , од Ирак 124 од Ирак и еден бегалец од Сирија. Во кампот максимално им се пружа секаква помош.

Goran

,,Храна , облека, обувки , сместување и медицинска помош доколку им е потребно” – вели Стојановски.

Од ноќеска србите ја затвориле границата и за бегалците од Ирак и Сирија.

Афганистанците велат дека нивната последна дестинација е Германија. Роминг Пупа бегалец од Авганистан вели дека ги вратиле од Србија без никакво образложување , тој вели дека имале уредна документација. ,,Ние бегаме од војна , поминавме 7 000 километри и не можеме да се вратиме назад” – вели Пупа.intervju 1

Али Семи пак вели дека има информација дека Германија не ги сака бегалците.

Мухамед од Џалалабад вели дека во Афганистан е многу лошо . ,,Има многу талибанци и убиваат луѓе, ние одиме за Германија , бидејќи таму ни помагаат” – вели Мухамед. intervjuЗдраствената состојба на бегалците е воглавно добро, вели доктор Абдул Сарам Сахул, најмногу се жалат на респираторниот систем , стомачни заболувања и на мускулатурата. Доктор Абдул, вработен во Црвен крст е од Сирија, има македонско државјанство и знае да зборува на арапски јазик, со што како вели им дава поголема доверба на бегалците.

Igor Andonovik

February 25th, 2016

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *