Вести

Аптеки „Каисер“ со донација за инфективното одделение од кумановската општа болница

Аптеки „Каисер“ со донација за инфективното одделение од кумановската општа болница

Кумановските аптеки „Каисер“, денеска донираа перници и топломери за инфективното оддееление од општа болница Куманово. Донацијата е обезбедена преку хуманитарна акција која ја организираат аптеките во која учествуваат граѓаните. Сопствениците на апетките Сашка Денковска Петковска и Ивица Петковски изјавија дека ова е прв дел од донацијата, која е обезбедена согласно потребите на ова одделение и во договор со менаџментот на болницата.
-Ова е прв дел од донацијата, продолжуваме и понатаму со акцијата. Како општествено одговорна компанија ќе донираме и во иднина -изјави Петковски.

Началничката на одделението, доктор Сунчица Јосифова се заблагодари на донацијата и ги повика и останатите компании да го следат примерот на ова кумановска фирма.

– Знаејќи дека сите сме потенцијални пациенти во оваа болница, а пред се голем дел од граѓаните завршуваат и на инфективно одделение ова уште повеќе ни значи затоа што секогаш има потреба од одредена донација, односно одредени средства за непречено функционирање на инфективното одделение. Се надевам дека и другите компании ќе се вклучат во вакви акции и ќе донираат дел од своите средства на нашата болница, затоа што Општа болница Куманово опфаќа голем број на пациенти, покрива голем регион на жители и ако се земе предвид дека тука доаѓаат пациенти и од Крива Паланка, Кратово, потребите и значењето на ваквите донации е доста важно- изјави Јосифова.

Главната сестра на инфективното одделение Весна Саздовска вели дека овој потег на приватната компанија е за поздравување.

Кумановската општа болница го покрива североисточниот регион со шест општини и приближно 200.000 пациенти.

admin

December 10th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *