Вести

Операцијата од тумор ја дели од дипломскиот испит

Операцијата од тумор ја дели од дипломскиот испит

Младата кумановка Моника Бојковќ, за жал тешката болест ја спречи да дипломира на факултетот за дизајн на мебел и ентериер.

Таа треба да оди на операција за отстранување на интрамедуларен тумор и торакомбуларна сколиоза на рбетот во Турција. Дијагнозата и била утврдена во август оваа година, а првите симптоми и се појавиле лани во ноември.

Моника има 24 години, родена е во Куманово на 25 јули 1996 година. Од Фонд за здравство комплетно ќе бидат покриени трошоците за операција која ќе се изврши во Турција, а на семејството му се потребни средства за сместување и престој во Турција заедно со Моника.
Семејството ги замолува сите хумани граѓани кои се во можност и сакаат да донираат средства за да им помогнат да ја победат битката со тешката болест на Моника.

Сите граѓани кои сакаат да донираат можат да уплатат средства на жиро сметка 200003713266013 на име Моника Бојковиќ или да донираат преку телефонскиот број, за Телеком корисници со повик на 070 143 112 и за сите останати мобилни оператори со смс со текст ,,100″ на 143 112.

Radio Bum

November 24th, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *